Димитар Ковачевски на својот пријател и колега Марко Андонов преку фирмата Аитоникс директно преку два тендери му дава 40 милиони евра, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Два тендера за софтверски лиценци во рок од 3 години, најпрвно 15 милиони евра во 2020 година и 25 милиони евра во 2023 година. Фирмата Аитоникс е во сопственост на Марко Андонов, кои владата го именувала за почесен конзул Грузија во Македонија, тоа значи дека истиот добива дипломатски статус со задача да ги промовира интересите на странска влада која го назначува. Тендерите кои фирмата Аитоникс ги добива се за лиценци за компјутерски програми и со тоа би требало да гарантираат сајбер безбедност. Како фирма која ја води конзул на друга држава би гарантирала сајбер безбедност во Македонија? Тотална неспособност и забеганост на владата на ДУИ и СДС е пресликана во целосната незбедност од сајбер напади врз државните институции кога блиски луѓе на Ковачевски ги добиваат тендерите кои треба да обезбедат безбедност на системите во Македонија. Владата на Ковачевски плаќа 40 милиони евра за софтвери за лиценци на фирма која ја води конзул на друга држава, а цела година училиштата беа цел на сајбер напади, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Институциите треба да се одважат и да постапат за овој случај, каде конзул на друга држава во Македонија добива тендери во износ од над 40 милиони евра. Тендери во кои постојат сериозни индиции за влијание и корупција, додаваат од опозциската партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.