Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) утре во 12 часот пред зградата на Владата организира мирен протест.
На протестот пред Владата на Македонија, ќе се одржи 25-та редовна седница на Наставно научниот совет на факултетот, се вели во известувањето од ФИНКИ.
Со цел укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот, започнуваме со серија на мирни протести, сè до остварување на целта. Воедно ги повикуваме сите лица кои сакаат да го подржат факултетот во остварување на нашето барање се добредојдени, велат од Факултетот.
ФИНКИ е еден од најатрактивните факултети на УКИМ со повеќе од пет илјади студенти каде што со години владее огромен интерес за запишување, а нема свои простории.
Факултетот е основан пред 13 години и својата наставна дејност ја спроведува во просториите на четири факултети, три во техничкиот кампус, и на Педагошкиот факултет. Наставата на ФИНКИ се одвива од 8 до 21 часот.
Факултетот бара Владата на Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на МОН.
Ако Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на факултетот, односно ако повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на факултетот, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални мерки. Факултетот го задржува правото, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк“, соопшти ФИНКИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.