Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ го обвинува поранешниот министер за здравство и актуелен носител на пратеничката листа за 1ИЕ на СДСМ Венко Филипче за штета од 20 миниони евра предизвикана од раскинување на договорот за изградба на новиот клинички центар во Скопје.

Венко Филипче, кој најдолг период раководеше со ресорот здравство, е директно одговорен за неградењето на Клиничкиот центар и раскинување на договор за изградба иако буквално се беше реализано во однос на процедури до фазата – отпочнување со градба. Според информациите во медиумите има побарување на оштета за неградба изразено во неверојатни 20 милиони евра.

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ од Филипче бара одговори која е причината поради која е раскинат договорот и дали ќе има лична одговорност за неодговорното и недомаќинско работење за време на извршување на функцијата министер за здравство.
Исто така, Филипче треба да одговори дали ќе понесе одговорност доколку се потврди законитоста на ова побарување за оштета.

Ќе ги плати ли Филипче од свој џеб овие средства доколку се утврди незаконитост во раскинувањето на договорот согласно побарувањето за оштета што денес го имаме за неградба на Клинички центар?
Дали токму стравот од 20 милиони евра загуба, изразена во пенали го натера Венко да се кандидира за пратеник за да може да се крие позади пратеничкиот мандат.

Денес, истиот разобличен Филипче повторно нуди едни исти манипулативни ветувања иако имало можност со апсолутна власт во седум години истите да ги реализира. Здравството е вратено неколку децении наназад, а медицинскиот персонал уште нема плата како што се вети во Планот за живот, па така на пример медицинските сестри денес земаат плата близу до минималната, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека ВМРО – ДПМНЕ ќе понуди конкретни мерки за унапредување на јавното здравство, валоризирање на трудот на здравствените работници, а наш врвен императив ќе биде знењето и квалитетот, преку реални и остварливи проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.