Планираме докторите специјалисти да имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари. Плати за специјализантите до 60.000 денари, напиша носителот на листата во ИЕ4 од СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи.

Тој додаде дека здравствените работници ќе добиваат европски плати, дома.

Во изминатиот мандат ја зголемивме платата на докторите специјалисти за 40%, на општите лекари за 25% и на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%. Докажавме дека ова ни е приоритет, а јас лично со вас се борев за овие зголемувања, напиша Филипче.

Тој побара поддршка, за „повторно, заедно и партнерски да се работи на покачување на платите“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.