Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Cеверна Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата, се вели во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз.

На средбата, како што информираат од СДСМ, се разговарало „за добрососедските односи помеѓу Cеверна Македонија и Албанијa, како и за идните политики во делот на забрзување на евроинтеграцискиот процес на двете држави“.

Филипче и Спиропали, се согласиле дека „Cеверна Македонија и Албанија мора заедно да продолжат по европскиот пат, со фокус на исполнување на обврските и размена на искуства во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија,што е важно за иднината на граѓаните на двете држави“.

Во тој контекст, Филипче посочил дека загрижува политиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес на државата.

Актуелната власт не презема конкретни чекори во однос на забрзување на процесот на евроинтеграција на државата и покрај тоа што ветуваа дека дека ќе ја подобрат преговарачката позиција. Во моментов имаме ситуација кога патот кон ЕУ е доведен во ризична состојба, а со тоа и иднината на државата, рекол Филипче.

На средбата била потврдена досегашната соработка помеѓу двете земји и важноста од зајакнување и унапредување на регионаланата соработка како на економско така и на билатерално ниво.

Воедно, на средбата, Филипче ја истакна соработката со сестринската Социјалистичка партија на Албанија, на билателарно ниво и во рамки на Партијата на европски социјалисти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.