Идниот пратеник од СДСМ, Венко Филипче, на „Фејсбук“ „од срце“ им заблагодари на сите кои му ја дадоа поддршката на изборите, на оние кои напорно работеа со мене него и го поддржуваа во кампањата.

Во кампањата ветив конкретни работи и активности кои започнувам да ги реализирам уште веднаш. Започнувам со активности и како претставник на граѓаните во Собранието, но и како член на СДСМ меѓу членовите и симпатизерите. СДСМ во следниот период ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација. Верувам дека набрзо одново ќе победува и ќе го врати достоинството и угледот кој како партија го заслужува. Од поразите секогаш е најважно да се извлечат поуки, само така поразот може да се претвори во победа. Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците на изборите и да им посакам успешна работа. СДСМ секогаш ќе биде тука како коректив на владините политики и сите општествени текови, пишува Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.