Носителот на листата на СДСМ и коалицијата во изборната единица 4, Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде, како што сооштуваат од прес-центарот на СДСМ, на низа средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. Филипче рече дека „од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики“.
Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики, истакнал Филипче.
Тој планира да ја смени целосно „перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува“. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.
Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.