Стабилизација и обединување на членството, а потоа и враќање на довербата кај сите граѓани се првите чекори кои треба да ги направи новото раководство на СДСМ, вели за Канал 5, д-р Венко Филипче, иден пратеник на СДСМ во парламентот.

Филипче истакнува дека оставката на претседателот на СДСМ, Ковачевски и раководството е прв чекор кон реизбор на ново раководство односно почеток на обнова и реорганизација на партијата.

„Од суштинско значење е внатрепартиските избори да поминат во најдобар ред и во една демократска постапка да се избере ново раководство кое ќе ја обедини партијата како предуслов за нови успеси”- вели неврохирургот Филипче.

Според него, новото раководство ќе има тешка задача пред себе. Изборниот резултат покажува дека потребно е трпение, чесен пристап и јасна нова стратегија за да се поправат состојбите, вели Филипче.

„Прва цел треба да биде стабилизација и обединување на членството, а потоа и враќање на довербата кај сите граѓани. Оваа криза е можност да се преиспитаат политиките, начинот на работење и да изникне еден нов СДСМ кој ќе биде силен коректив на власта”- рече идниот пратеник на СДСМ, Венко Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.