Поранешниот министер за здравство, сега носител на листа на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Клик Плус на ТВ21 рече дека тие направиле многу за здравствениот систем во Македонија.

Во здравствениот систем мора континуирано да се инвестира и тој континуирано да се унапредува поради тоа што тој е еден многу динамичен систем што и да направите никогаш не е доволно. Тоа не е само така кај нас тоа е буквално насекаде во светот. Ние направивме многу, огромни инвестиции, направивме во платите. Огромни инвестиции направивме во тоа да се донесат оригинални лекови со укинување на паралелниот увоз со што се носеа лекови без сертификат за квалитет, вели поранешниот министер за здравство Венко Филипче во Клик Плус на ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.