Во СДСМ сѐ уште немаат изградено партиски став во врска со утрешната седница за интерпелација на спикерот Африм Гаши, рече денеска партискиот лидер, Венко Филипче. Како што кажа тој, партиските органи денеска треба да одржат координација на којшто ќе се донесе одлуката.

„Ние денеска во текот на денешниот ден имаме закажано координација со пратениците од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Таа е закажана за 10:30 така да ќе заземеме став“, порача Филипче

.

Запрашан кој е неговиот став во однос на интерпелацијата, тој вели дека истата треба да се поддржи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.