Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го осуди насилството и обидот за атентат врз поранешниот претседател на САД, Донал Трамп.

-Со големо жалење и длабока загриженост ја примив веста за обидот за атентат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Го осудувам секој обид за насилство, ваквите акти на насилство немаат место во цивилизираното општество и претставуваат сериозен напад врз демократските вредности и владеењето на правото.
Во овие тешки моменти на поранешниот претседател на САД, Трамп му испраќам искрени желби за брзо опоравување. Сочуство до семејствата и на другите настрадани, наведува претседателот на СДСМ, Венко Филипче



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.