Екс-директорот на скопската зоолошка, Ѓорги Галетановски е назначен да раководи со градската организација на СДСМ во Скопје. Веста ја објавија од најголемата опозициска партија.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го назначи Ѓорѓи Галетановски за нов Претседател на Градската организација на СДСМ Скопје. Ѓорѓи е млад и амбициозен човек, со свежи идеи и желба за работа, со успешен професионален ангажман зад себе. Веруваме дека ќе донесе нова енергија во работата и функционирањето на Градската организација на СДСМ, стои во соопштението од партијата на Филипче.
Галетановски си замина од функцијата во ЗОО Скопје во периодот кога на чело на градот дојде градоначалничката, Данела Арсовска. По секое немило случување во Зоолошката, редовни беа јавните апели на социјалните мрежи за враќање на Галетановски на функцијата директор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.