Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во неговиот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри и заменик шефот на мисијата Марио Де Роза.
Фетаи и амбасадорот Силвестри разговараа за владините стратегии и нивната примена и тоа за Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот, Стратегијата за транспаретност и Стратегија за соработка со невладиниот сектор. Фетаи и Силвестри заклучија дека спроведување на овие стратегии ќе ја зајакнат борбата против корупцијата, ќе ја зголемат транспаретноста на институциите и ќе донесе поголемо вклучување на граѓанскиот сектор во донесување на владините одлуки.
Двајцата соговорници разговараа и за други актуелни политички теми како што е откочувањето на евроинтеграцијата на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.