По оставката на Коста Петров од директорската позиција во Фондот за иновации и технолошки развој, Владата на денешната седница назначи нов в.д. директор. За прв човек на Фондот е именуван Фестим Халили, кој претходно беше директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура и на Националната радиодифузија. Краток период за време на политичката криза во 2016, Халили како кадар на ДУИ беше избран и за вицепремиер задолжен за европски прашања.
Претходниот директор Петров повлекувањето го најави на 23 декември, а на чело на Фондот беше околу 14 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.