Фекалии во дел долг од 70 до 80 метри течат во амбулантата за деца со хемато-онколошки заболувања на Клиниката за детски болести, алармираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека од фекалиите поплавени се цели кутии лекови, како и амбулантите за прегледување на пациенти.

Дали некој намерно сака да нема услови за соодветно лечење на пациентите во јавното здравство, едвај се наоѓа кадар за истите, а надлежните веќе неколку месеци не го санираат проблемот? Каде е ДСЗИ – Државниот Здравствен и Санитарен Инспекторат дали има направено увид и дали воопшто биле на увид, прашуваат од Комисијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.