Две дисциплински постапки се иницирани против обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, објави „Макфакс“. Првата е за наводите дека соработувале со осудениот сопственик на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски. Втората, според извори во Обвинителството, е поднесена поради нестручно постапување. За двете дисциплински се доставени и докази кои треба да ги цени Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност. Обвинителството не споделува детали од дисциплинските постапки. Молк и од обвинителите Фетаи и Рајчев. На потег е петчлената комисија.
„Во моментов има иницијативи за дисциплински постапки против неколку јавни обвинители. Дисциплинската комисија до овој момент не донела одлука за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на наведените обвинители“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.