Кога јавноста мислеше дека дното е постигнато, со тоа што внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети го купил бизнис центарот Соравиа, на 24 год, за 30 милиони евра, затоа е тука вториот внук, кој со само 10 месеци стаж, станува прв секретар во амбасадата во Брисел, поставен токму од министерот Османи.Внукот, Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, од министерството за економија на кој се пријавил и работното место од економија го заменил со тоа во МНР, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.
Иако упатувањето во ДКП на Македонија во странство се врши врз основа на спогодба меѓу МНР и соодветната институција, сепак Дипломатското звање го дава МНР, согласно член 78 во врска со чл 95 од Законот за надворешни работи, во случајов на помлад соработник одговара дипломатското звање “Аташе”, додека на советник и раководител на одделение одговара дипломатското звање “Прв секретар”.Значи без соодветно образование и искуство, внукот Бесиам е унапреден 3 скалила погоре. Дали можеби бидејќи имал посебна дарба за дипломат, како и внукот Дрин Ахмети за претриемач е поставен на местото прв секретар во амбасадата во Брисел? Дали Ковачевски не знае ни за вториот внук сега, кој е вработен во државна институција?На граѓаните веќе им е јасно, дека единствен начин да се запрат овие луѓе, кои си прават династија на грбот на народот, се изборите кои следуваат. Тогаш тие ќе го кажат својот финален збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.