СДСМ денеска со лажни документи и потписи објавија „скандал“, обвинувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ објавува лажни и нарачани анкети во соработка со Македонската радио-телевизија и Институтот за полистички истражувања во Скопје.

За овие обвинувања веднаш демант испратија од ВМРО-ДПМНЕ, од каде најавија тужба за клевета.

Остро реагираа и од МРТВ и од ИПИС, од каде исто така порачаа дека правно ќе делуваат против овие лаги и пририсоци.

Богдан Илиевски, пак, реши да ги побара и објави сите потписи од споменатите лица во документите објавени од СДСМ и да покаже дека станува збор за фалсификувани потписи на пратеници и политичари, покрај лажниот датум на лажниот документ.

Тој прво го покажа потписот за кој се тврди дека е на Зоран Ставревски.

За подоцна да ги спореди и наводните потписи на Марија Андоновска и Луке Галевски.

Да ја затвориме темата со фалсификаторите кои обвинуваа за фалсификати. Гем сет меч есолз, вели тој.

Сепак, ова бара и официјална истрага и делување на надлежните, затоа што фалсификување на потпис е кривично дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.