Пратеникот Јован Јаулески, утрово со фотографија од неговиот доручек, млеко и кекси, го поздрави лидерот на ДУИ Али Ахмети, по неговите закани за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која вчера победи на парламентарните избори.

На митингот на албанската коалиција која ја предводи, Ахмети му се закани на Христијан Мицкоски, велејќи му да не си ја бара бељата.

Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што трипати е изгорена од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади, порача тогаш Ахмети.

Според досега обработените гласови, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати. Јаулески, кој беше претседател на Унијата на млади сили, по втор пат ќе биде пратеник во македонското Собрание. Тој беше петти на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, каде партијата освои 10 мандати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.