Mинистерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во тема на денот на Сител телевизија изјави оти верува дека со тоа што Македонија е на пат за цврсти реформи, макотрпна работа, што ќе ја внесат државата во ЕУ во 2030 година.
Фајон наведе дека раговарала со многу претставници од политиката, граѓанското општество, со стопанственици и се што можам да кажам, истакна, е најнапред искрени честитки до Македонија за храброста, зашто не беше едноставно да се прифати францускиот предлог за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, но државата го направи единственото правилно.
Јас ќе гарантирам, исто така и Словенија, дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори. Посакувам во Македонија и опозицијата и власта и општеството да осознаат дека патот во ЕУ е единствен пат што ќе гарантира солидарност, цврсти вредности и благосостојба на луѓето – изјави Фајон.
Таа нагласи дека може да гарантира цврста поддршка од Словенија, со нејзините искуства и како пријателска држава дека ќе помогне да нема билатерални прашања, да не дојде до губење на идентитетот, јазикот.
Македонија оваа седмица го потпишува Договорот со Фронтекс каде многу јасно ќе стои македонски јазик. Значи стравот дека земјата го губи идентитетот е неоснован – истакна Фајон.
Таа вели дека сега почнува периодот на скрининг и порача дека е потребно државата, доколку е можно да се придржува кон временската рамка.
Знам дека е потребна промена на Уставот и за тоа е потребна политичка согласност. Искрено се надевам дека и опозицијата и коалицијата ќе соберат храброст, бидејќи не се работи за една или друга политика, се работи за иднината на државата – изјави шефицата на словенечката дипломатија.
Во однос на односите со Софија, Фајон посочи дека Бугарија секогаш ќе биде сосед на Македонија и затоа е важно политиката која е одговорна да бара решенија што не ги загрозуваат односите помеѓу луѓето.
Во општеството двете страни би требало нужно да постигнат взаемна согласност по однос на сите точки, сите прашања. Провокации, отворање на бугарски клубови, вакви или онакви провокации, што водат кон раздор на народот се неприфатливи. Словенија има свои соседи со кои живееме заедно и со кои имаме билатерални нерешени прашања, но ние сакаме да најдеме решенија бидејќи од тоа имаат корист луѓето – порача словенечката министерка за надворешни работи.
Според неа, потези на менување или поинакво интерпретирање на историјата или потези кои менуваат дел од општеството се неприфатливи.
Пред нас има многу заеднички предизвици, за Бугарија, за Македонија, за регионот и би требало да се стремиме кон тоа да бараме решенија што се прифатливи за сите и да не предизвикуваат помеѓу луѓето дополнителни спорови, напнатост или уште повеќе да ги разделуваат народите. Кога се работи за отворање на бугарските клубови, знам дека Парламентот неодамна донесе важна одлука и се надевам дека во иднина ќе биде можно да се избегнуваат имиња кои во јавноста ќе звучат провокативно – изјави Фајон.
Според неа, извештајот на ЕК бил критичен во делот кој се однесува на владеењето на правото, независното судство и тука, подвлече, државата ќе има многу работа.
Одговорната политика треба да спроведува реформи, и во последно време државата направи многу добри работи. Целта што си ја постави да влезе во ЕУ 2030 ја гледам како реална цел ако работиме искрено и совесно на двете страни – изјави министерката за надворешни работи на Словенија.
За Фајон, Македонија е многу важен актер за стабилноста на регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.