Во неодамнешното гостување во централниот дневник на Сител, универзитетскиот професор Александар Спасеновски разговараше за значајните влијанија на изборите за Европскиот парламент врз политичкиот пејсаж во Република Македонија. Истакнувајќи го успехот на Европската народна партија, Спасеновски ги подвлече добрите врски помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и различните политички групи од десниот центар и независните пратеници, истакнувајќи дека миже да се очекува овие сојузи позитивно да влијаат врз евроинтеграцискиот процес на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ на последните избори доби огромен легитимитет, а реорганизацијата на министерствата е дел од таквата граѓанска поддршка бидејќи истата беше дел од предизборната програма на оваа партија – истакна Спасеновски.
Според него, ова е резултат на широката јавна поддршка што ја доби ВМРО-ДПМНЕ, сугерирајќи стабилен мандат за спроведување на неопходните реформи.
Спасеновски посочи и дека сегашната владејачка коалиција има чисто мнозинство со поддршка од близу две третини од пратениците заради што не е логично да се мисли дека во исттаа би можело да се вклучи и ДУИ, партијата која претходно раководеше со институциите и заради која, меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ однесе убедлива победа на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.