Неодамнешните трагични случувања со убиството на 14-годишното девојче и 74-годишниот велешанец, отвораат дополнителни сомнежи за делата што главниот осомничен за организацијата на делото, Љупчо Палевски, познат по прекарот Палчо, беше вклучен и во „другите монтирани случаи“, изјавија денеска од Европскиот сојуз за промени.

Кога министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека главниот осомничен кој го изврши убиството на Вања, како и неговите соработници, работеле за моќни антизападни центри, тогаш логично е да се сомневаме дека истите организатори на убиството на Вања, се вмешани и во организацијата на случајот „Монструм“ каде на грозоморен начин беа убиени пет млади момчиња. И сето тоа, во пресрет на верските празници, со цел преку меѓуетнички тензии да предизвикаат дестабилизација на општеството. Затоа, Европскиот Сојуз за Промени бара од Министерството за внатрешни работи и од правосудните истражни органи да излезат и јавно да ја информираат јавноста каде бил Љупчо Палевски – Палчо на 24 април 2012 година, денот кога се случи монтираниот случај “Монструм”? Од друга страна, бараме од Министерството за правда и МВР, не само да ја заморуваат јавноста со изјави во кои се објаснуваат постапките за екстрадиција, туку да го истражат и конкретно да го наведат денот кога ќе биде екстрадиран од Турција главниот осомничен за организирање на убиството на Вања и Панче, велат од Евроспки сојуз за промени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.