Очекуваме Република Македонија да ги заврши уставните измени за да продолжи со преговорите за влез во Европската Унија. Ова го изјави портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, пренесе БГНЕС.

„Македонија е во првата фаза од преговорите. Се движи непречено и очекуваме да биде се готово околу оваа есен. Следниот чекор што го очекуваме се измените на Уставот што земјата е должна да ги направи доколку сака да продолжи со пристапните преговори“, изјави Писонеро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.