По повод Европскиот ден на знамето, денеска во организација на Европското движење се одржа традиционалниот планинарски марш до врвот на Водно, на кој присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска.
Евроамбасадорот Гир ја нагласи размената на знамињата на Европската унија и Македонија, како и нивното поставување на врвот на Водно, и изрази уверување дека македонското знаме ќе се вее во Брисел кога земјава ќе стане членка на Унијата.
Маршот започна пред седиштето на Европската унија, каде Гир и Ѓуровска извршија размена на знамињата на ЕУ и Македонија, по што се упатија кон врвот на Водно каде ќе бидат поставени двете знамиња.
Евроамбасадорот Гир ја нагласи размената на знамињата на Европската унија и Македонија, како и нивното поставување на врвот на Водно, и изрази уверување дека македонското знаме ќе се вее во Брисел кога земјава ќе стане членка на Унијата.
Искачувањето на планина не е едноставна работа. Има многу што да се направи. Маршот е тежок, но уверен сум дека ќе го освоиме врвот, како и дека оваа земја во иднина ќе го заземе заслуженото место во Европската унија како полноправна земја членка – рече Гир.
Претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска посочи дека денешниот настан по повод Европскиот ден на знамето е традиција која се одржува повеќе од 25 години.
Планинарскиот марш, организиран од Европското движење мислам дека се одржува повеќе од 25 години, тоа е една долга традиција каде планинари, млади, граѓани и сите кои би сакале, го искачуваат врвот на Водно, рече претседателката на Европското движење – Милева Ѓуровска.
Симболиката е, вели Ѓуровска, дека се искачуваме заедно со претставници на ЕУ кои нѐ придружуваат на патот кон ЕУ.
Патот до Европската Унија е малку потежок, има искачување, има и паузи кои што се прават, но патот секогаш треба да се продолжи за да се стигне до самиот врв, тоа е симболиката на тоа што ние го кажуваме секоја година – посочи Ѓуровска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.