Видео на кое другарите Венко Филипче и Зоран Заев се журкаат на забава на која е и српскиот пејач Харис Џиновиќ предмалку беше споделено на социјалните мрежи.

Според информациите на уредникот Драган Павловиќ Латас, кој го сподели видеото, станува збор за видео снимено минатата недела во Дубаи на приватна журка на која присуствувале и сегашниот и поранешниот лидер на СДСМ.

Според српските медиуми, Џиновиќ настапувал во Дубаи на 25 и 26 октомври.

Колкав интерес имало за настапот на легендарниот пејач говори и фактот што тој две вечери по ред се дружел со публиката во престижниот клуб на еден луксузен хотел, а билетите се распродале еден месец пред настанот, иако цените се движеа и до неколку стотици евра, пишува „Нова.рс“ за настапите на Џиновиќ.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат: Ете каде одат нашите пари. Никој кој тешко ги заработил, вака не ги троши



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.