Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во Македонија, патот кон Европа ќе продолжи, изјави денес претставникот на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар, на онлајн брифинг со новинарите. Денес се гласа за избор на претседател и нова влада на Македонија.
Ескобар најави дека овој месец заминува од позицијата заменик-помошник секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.
„Една од работите што сме многу среќни што ја постигнавме е тоа што неколку земји од Западен Балкан се солидно на патот кон евроатлантската интеграција, особено оние членки на НАТО – Албанија, Македонија и Црна Гора, се целосно ангажирани на целиот процес на пристапување во Европската Унија. Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во Македонија патот кон Европа ќе продолжи “, рече Ескобар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.