Вчера имало состанок на ЕПП каде жестоко на раб на инцидент Бугарите го нападнале Претседателот на ЕПП зошто му дозволил да зборува Александар Николоски кој побарал санкции против Бугарија поради очигледното кочење и застојот со евроинтеграциите.
Претседателот на ЕПП застанал во одбрана на Николоски одговарајќи дека долги години е тука и дека како потпретседателот на ЕПП има право на говор и ставови кои ги изнесува во име на ЕПП.
Од групата на ЕПП во ПССЕ, неофицијално потврдуваат дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата.
Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.
Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.