Досегашната судијка на Апелацискиот суд од Скопје, Елизабета Дуковска, денеска беше избрана за судија во Уставниот суд. За неа гласаа 64 пратеници во Собранието. Дуковска ќе ја замени Валентина Маркудова чиј деветгодишен мандат истече во декември 2022 година.
Елизабета Дуковска беше предлог на Судскиот совет. Таа а е судијка од 2004 година и работела во двата основни суда во Скопје како стечаен судија. Во скопскиот Апелациски суд работи како граѓански судија во трговски оддел од 2009 година.
Уставниот суд досега функционираше со шест од предвидени девет судии. Во октомври 2022 година беа избрани двајца судии: Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер, кои беа предлог на владејачкото мнозинство. Дебатата за третиот предлог, државниот обвинител Љубомир Јовески, со месеци е заглавена во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.