Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази денеска пред новинарите се обратила на албански јазик, одбивајќи да зборува на македонски јазик или пак тоа што го зборува да биде преведено.

По овој нејзин настап, новинарите Македонци демонстративно ја напуштиле салата.

За новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија веќе беше објавено дека не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите има преведувачи.

Медиумите претходно објавија дека таа на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

Инаку, Илјази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно турка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31.12.2023.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.