ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди” ги формираа работните групи за продолжување на разговорите за евентуално коалицирање во идната влада, откако викендот ги договорија општите начела за соработка, потврдија за МИА извори од двете партии.
Како што посочуват од „Вреди“ за МИА, работните групи од двете партии утре ќе ја одржат првата средба. За имињата на претставниците во работните групи, од двете партии велат дека ќе ги соопштат преку соопштение.
Соработката, како што информираше ВМРО-ДПМНЕ по средбата што се одржа во саботата во штабот на „Вреди’“ ќе се базира на три постулати – евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.
Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, соопштија тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата во саботата присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиските потпретседатели и лидерите од партиите во Коалицијата „Вреди“ – Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.
Од коалицијата „Вреди“ по средбата оценија дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.
Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, 18, Коалицијата Вреди, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.