ронични проблеми, нов извештај – Брисел е загрижен за независноста на македонското судство и големиот ризик од корупција во државата. Ова го објави Европската Комсија, во извештајот за владеење на правото во Европската Унија за 2024та година, во кој за прв пат се вклучени и државите од процесот на проширување.
Конкретно за Македонија, се констатира дека државата спровела реформи за независност на судството, но останува загриженоста од влијание.
– Нивото на утврдена независност на судството е многу ниско. Загриженоста останува и во однос на функционирањето и на независноста на Судскиот совет, иако се преземени чекори во овој поглед. Одлуките за именување јавни обвинители и судии беа критикувани од граѓанското општество дека не се сеопфатно мотивирани или засновани на објективни критериуми, се вели во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година.
Според Европската Комисија, Врховниот суд и Судскиот совет презеле мерки за да ја подобрат транспарентноста. Од друга страна, пак, за независноста на судството Комисијата ги посочува и парите. Стои дека ограничените финансиски средства доделени на судството може да влијаат на финансиската автономија, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата.
Корупцијата останува стара болка. Во извештајот пишува дека е воспоставена сеопфатна национална антикорупциска стратегија, но дека има застој во нејзината имплементација.
– Големиот ризик од корупција, останува распространет во многу области. Неодамнешните измени на Кривичниот законик ја ослабеа правната рамка, негативно влијаејќи на справувањето со корупцијата, особено во случаите на корупција на високо ниво, стои во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година.
Се споменува Државната комисија за спречување на корупцијата, за која стои дека продолжува со напорите за исполнување на својот мандат и покрај ограничените ресурси.
Политичката поларизација во Собранието, пак, предизвикала доцнење во носењето закони и несоодветна употреба на забрзани законодавни процедури. .
Загриженост има и поради државното рекламирање во медиумите. За безбедноста на новинарите, се забележува дека се зајакнати законските гаранции за заштита, но дека и покрај тоа имало одредени закани и акти на насилство кон медиумските работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.