Минатата година, членот на ЦК на Левица, Саше Јанчев, во својот индивидуален подвиг помина 154 километри, за да се поклони пред вечното почивалиште на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Како што информираат од партијата, во проширен состав, денес тргнаа две екипи, кои на 4 Мај треба да пристигнат на гробот на македонскиот великан.
Едната група, составена од членови на Левица од Велес и Гевгелија, тргна од Гевгелија, а другата група тргна од Битола. Целта им е да се спојат во Велес и од таму да се упатат кон вечното почивалиште на Делчев. Можно е по пат да им се придружат и други другари.
Се надеваме дека оваа скромна иницијатива ќе прерасне во традиција, која низ годините ќе станува се помасовна. Им посакуваме лесен пат на нашите другари!, порачаа од Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.