1 година траеше власта спасена од Алтернатива и Кастриот, уште една ќе трае оваа деконструиранава и после ќе биде мајко мила плачење од овие ликови и нивните успиени граѓанско-(не)владини ќелии, пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Уствари никој нема да може да ја спаси сдсм која неминовно ќе пропадне и ќе биде поделена, за најверојатно повторно од некого воскресната.

Зоки, легендата на пропуштените шанси, нобелот на расколот, жицата на прерушеното вмровство во секоја партија, свест и институција, преку семејството ќе биде блеклистед и конечно исфрлен од секоја политичка амбиција.

Истиот цех ќе мора секоја партија да го плати донирајќи една глава од партијата, за другите да продолжат да растат.

Левица ќе згази и со право, оваа политичко-општествена депресија, заслужува такви чегеваристички анахронизми, кои очигледно лепат кај она малкуте млади останати во земјата.

ВМРО свесно се подготвува да владее и да се природаде на демократизираната десница на линијата Атина-Скопје-Белград-Будимпешта-Варшава.

Македонија, како етаблирано провинцииче на Балканот, послабо и од Приштина, после влезот на Бугарите во Уставот, ќе си живурка заборавена од западните канцеларии, и како празна школка, испукана петарда, кикирика без лушпа, распадната касаба и некропола од криминал и корупција, ќе си ги чека досадните денови за спас во ЕУ, како земја без поента и суштина, без народ и нација, како територијален и провинцијален декор на големата европска идеја.

Ќе се живее како и досега, кој за мизерна плата, кој за плата и криминал, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.