Имаат нова, комплетно опремена градинка, но не може да ја користат. Повеќе од една година откако беше изградена градинката во општина Босилово стои празна и без деца. Од локалната самоуправа за „Сител“ велат дека од нивна страна биле завршени сите обврски, го санирале и кровот кој прокиснуваше, а единствена пречка за нејзино отварање биле согласностите за вработување кои треба да ги добијат од Министерството за труд и социјална политика.
Градоначалникот Ристо Манчев вели дека е во постојана комуникација со ресорното министерство, испратиле и повеќе барања до нив, но во моментов немаат никаков одговор кога ќе бидат дадени согласностите за новите вработени.
Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека согласноста за работа за градинката во Босилово е во процедура и штом заврши постапката градинката ќе биде отворена по што јавноста ќе биде информирана согласно постапувањата. Градинката „Среќни насмевки“ во Босилово е ново правно лице и за да започне со работа потребни се 15 вработувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.