Анализа во Министерството за информатичко општество и јавна администрација (МИОА) на 18. случајно избрани тендерски постапки за јавни набавки во периодот од 2021 до јуни 2023 година од страна на независна ревизија покажа дека дури 14. од нив ги добила една фирма.
Тендерите биле доделувани на оној кој ќе даде најниска цена, а вкупната сума за 18 анализирани тендерски постапки е 6,5 милиони евра.

Според министерот Азир Алиу, високиот процент на тендери само со една понуда, во вкупниот број на доставени понуди, влијае врз можноста за избор, што ги принудува институциите да плаќаат повисоки цени поради малата понуда.
Тој смета дека состојбата е таква затоа што компаниите немаат доверба во институциите, па затоа и не се пријавуваат на тендерите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.