Немам надлежност да побарам одговорност, тоа се пратеници, а не службеници, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери коментирајќи го насилството на претседателот на Комисијата за европски прашања, сопартиецот Арбр Адеми.

Џафери истакна дека иако Адеми даде објаснување, сепак оцени дека тоа не е добро да се случува.

Треба да се гледа целата снимка и да се види дека Адеми бил испровоциран, дали со лична навреда, јас не знам и нема да оценувам, рече Џафери.

Инцидентот на Комисијата за европски прашања му го припишаа на Арбер Адеми, инцидентот го предизвикаа тие коишто отидоа до говорницата. Пораката е да не се повтори. Ако секој си седи на своето место ќе нема инциденти, рече на брифинг со новинарите Џафери и порача јавноста да ја изгледа целата снимка за да има увид кој го испровоцирал претседателот на Комисијата за тој да фрла со филџани, тацни и шишиња по опозициските пратеници.

Не оправдувам ништо. Не оправдувам таков чин. Тоа никако не е добро. Но јас како претседател на Собранието немам надлежност да влијаам и да интервенирам. Претседателот на комисијата е надлежен за редот на комисиската седница, а обезбедувањето не може да интервенира додека не биде повикано. Треба да се гледа целата снимка и да се види дека Адеми бил испровоциран, дали со лична навреда, јас не знам и нема да оценувам. Не е во ред целата вина да падне врз Адеми. Но кога се гледа целината, јасно е. Јас не можам да ги врзам пратениците или да ги апсам за да не излегуваат пред говорница – рече Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.