Со предлог одлука претседателот на Собранието Талат Џафери ќе го разреши членот на Комисијата за прашања на избори и именувања Фадил Зендели од Беса и со тоа се отвора пат конечно да бидат избрани новите четири уставни судии, потврдуваат за „Слободен печат“ од Собранието.
Точката за разрешување на Зендели, џафери ќе ја стави на денешната пленарна седница.
Изборот на уставните судии беше закочен откако Комисијата остана без претседател поеради изборот на Костадин Костадинов за градоначалник и бидејќи во тоа работно тело мнозинство наместо власат има опозицијата. Со разрешувањето на Зендели се очекува да се воспостави паритет во Комисијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.