Денеска во Собранието се одржува седница по повод Интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Во своето излагање, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска истакна дека Џафери се однесувал кон пратенички, како и кон неа, како да се наоѓаат во некое кабаре.
Таа вели дека ако овие зборови Џафери ги проголкува како албанофобија, таа ќе рече дека тој е женомразец.
„На една од седниците довикуваше недолично и со вклучен микрофон се однесуваше како да е на планина, а не претседател на Собранието. Особено кон колешки пратенички дофрлаше. Кон Гордана Силјановска Дафкова, а за мене со потсмев на своите соработници им се обраќање со зборовите ‘Види ја, бе’!. Па потоа почна да ме кани на говорница да му читам небаре е во некоја биртија, а јас сум му некоја забавувачка која треба да ја награди ако му ги исплолнувам желбите. На очиглед на јавноста и на пратеничките кои молчешкум со главите надолу го следеа ова кабаре“, вели таа.
Стојановска додаде дека тоа треба да им служи на чест на сите кои не реагирале на ова скандалозно однесување на Џафери.
На ова Џафери реплицираше дека ако се чувствуваат како во кабаре, да ја играат таа улога.
„Нема да паднам на вашето ниво. Ако вие се чувстувате како да сте во кабаре, што да правам. Играјте ја и понатаму таа улога ако ја сакате. Што се однесува до финансиското работење, сѐ е јавно и пристапот е отворен за секој граѓанин ако сака да влезе во електронската архива на Собранието“, вели Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.