Претседателот на Собранието Талат Џафери признава и поддржува сечие право на протест и искажување став, а ги осудува навредите и омразата кон припадници на друга заедница, како и насилството врз полицајците и нанесената штета на законодавниот дом.
Синоќа, законодавниот дом беше повторно мета на лицата што протестираа, кои со насилно однесување, хулиганство, користење на тврди предмети, изразување на вербални закани и поттикнување омраза кон сите кои не мислат како нив, го изразија својот став и мислење во однос на францускиот предлог. Јас признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став, меѓутоа, тоа не значи да се повредуваат полициски службеници кои ја извршуваат својата должност, тоа не значи да се предизвика материјална штета која повторно ќе се одрази негативно врз сечиј буџет, и тоа не значи да се искажува навреда и да се поттикнува омраза кон припадници на друга заедница, рамноправни граѓани на Македонија, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.
Сите сме засегнати од актуелната политичка, безбедносна, економска ситуација и сите заедно, како што се наведува восоопштението, ќе придонесеме во што побезболно надминување, меѓутоа не на овој начин, ова не е решение.
По вчерашниот протест против францускиот предлог имаше искршени стакла и нансена штета и на зградата на МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.