Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, денеска обвини дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, го злоупотребува процедуралното обраќање.

По кој пат го пуштате координаторот на СДСМ во процедурална расправа? Еве 17 часот е, а сѐ уште нема мнозинство. Сите ве чекаме од 15 часот. Срамота е ова да го правите – рече Апасиев на собраниската седница на која се разгледуваат предлозите на Владата за измени на законите за акцизи и за ДДВ.

Џафери му се обрати на Апасиев и го нарече „Кастро“.

Сите ние сме Собрание. Имаме одговорност пред граѓаните. Нашите гласачи ќе проценат кој како им мисли добро. Ова е сериозна ситуација. Не е до мене што нема пратеници. Некој заглавил, се возел со зимски гуми на снегот во Маврово, па некој требало да го турка. Кастро извини, за мене ова не е смешно. Работата е сериозна. Одиме во скратена постапка – му се обрати Џафери на пратеникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.