Претседателот на собранието, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништувањее на договорот со Бугарија.

Во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Џафери пишува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.

ВМРО ДПМНЕ достави иницијатива пред четири дена, но Џафери беше надвор од земјата.

Партијата најави дека, ако има забелешки во текстот, подготвена е да ги отстрани. Иницијативата е поднесена до претседателот на собранието, без да се именува за која институција станува збор.

ВМРО-ДПМНЕ предлага референдумско изјаснување со прашањето дали сте за престанок на важењето на договорот за пријателство со Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.