Претседателот на Собранието Талат Џафери за најавениот протест на опозицијата закажан за 18 јуни денеска изјави дека секој има право да протестира, дека доколку е надвор од парламентарната зграда тоа не е надлежност на Собранието, како и дека може да гарантира дека внатре во Собранието не можат да се повторат работи што се случиле во минатото.

-По однос на најавите, сечие право е да протестира и да повика на протест. Надвор од Собранието не е надлежност на Собранието, туку на институциите, рече Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

Претседателот на Собранието додаде дека може да гарантира дека внатре во Собранието неможат да се повторат, како што рече, некои работи што се случиле во минатото.

Како претседателна Парламенто Џафери не сакаше да одговора на прашања за 20 – годишнината од основањето на ДУИ упатувајќи да се праша во партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.