Талат Џафери го повлече законот со кој треба да се казнат сите оние функционери и бизнисмени на владата на СДСМ – ДУИ, кои Соединетите Американски Држави ги ставија на Црната листа поради нивната вмешаност во финансиски криминал, главно со злоупотреба на позициите и се збогатија на грбот граѓаните, обвинуваат од БЕСА.
Многу бргу на ДУИ им паднале маските. На виделина е фактот дека техничкиот премиер Талат Џафери решил технички да ги спаси криминалците потврдени и од САД.
Тоа докажува и еден факт, дека Талат Џафери е секогаш тука каде што мора да се брани ДУИ и нејзиниот криминал. Кога требаше во Собранието да се блокираат закони во интерес на ДУИ и на штета на Албанците беа тука, сега е потребно во Владата, бидејќи таму ќе ги штити криминалите, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.