Извештајот на Транспаренси интернешнл според Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021 ја вбројува Македонија меѓу најкорумпираните земји во Европа, но и во светот. Македонија се наоѓа на 87. место од вкупно 180 со 39 поени од можни 100 и бележи напредок од четири места во однос на претходната година.

Државата има ист број поени како и Колумбија, Етиопија, Гвајана, Косово, Мароко, Суринам, Танзанија и Виетнам, а според власта тоа е добро и се должи на гонењето функционери од власта.

Најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години. Се наоѓаме на 87 место со 39 индексни поени, во 2020 година бевме рангирани на 111 место со 35 индексни поени. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, велат од СДСМ.

Само шест години претходно, истиве овие СДСМ за истиот извештај на Транспаренси интенешенл тврдеа дека е показател дека корпуцијата е сериозен проблем во Македонија.

Тогаш Македонија го делеше 66 место со Сао Томе и Принципе.

Индексот на перцепција на корупција рангира 180 земји и територии во светот според нивото на корупција во јавниот сектор, а резултатите покажуваат скала од нула, што значи висока корупција до 100 кога станува збор за многу чиста земја или територија во однос на корупцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.