Душко Заев, синот на поранешниот премиер Зоран Заев, запливува во водите на бизнисот, откако како сопственик основаше претпријатие за производство на електрична енергија, пренесува „Фактор“.
Синот на Заев е 18-годишен тинејџер, а компанијата која ќе ја раководи го носи името Тотал Енерџи со седиште во Струмица.
Колку што е познато, фамилијата Заеви поседува бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија.
Префиксот „Тотал“ го носат уште две компании во кои стонастотен сопственик е Вице Заев, братот на поранешниот премиер, а тоа се Тотал инженеринг и Тотал електрик. Најпозната компанија на Заеви е Тргопродукт и фирмата-ќерка Мамас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.