Со говори, повици за оставка и пеење на македонската химна, стотици пензионери од повеќе градови од Македонија денеска на Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, протеститарат пред зградата на Владата.
Барањата на пензионерите се линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари за секој пензионер, а не процентуално согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите.
Тие бараат да се вреднува трудот кој го поминале како работници со децении придонесувајќи за градењето на земјата.
Но, додека бараат достоинствен живот, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е во Пласница во посета на давателот на социјалната услуга помош и нега во домот – Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи „ЖРТВА Охрид“ кое ја спроведува оваа услуга во општините Пласница.
Taa завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионери во Скопје.
На протестот беше најавено дека делегација ќе се сретне со министерката, и во моментот сите пензионери го чекаат исходот од средбата. Не се знае со кого ќе се сретнат имајќи предвид дека Тренчевска е во Пласница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.