Централното претседателство забележува и изразува длабоко жалење за одлуката на пет членови на Претседателството да се самоповлечат од Централното претседателство на Демократската унија за интеграција, одлука која ја донесоа на состанокот на ЦО одржана на 1 април 2023 година.
Во партиското соопштение се вели дека на вчерашната седница е официјализирана одлуката за претстојниот изборен процес во партиските ограноци кој ќе се одржи на 2 јули годинава.
„Овие избори во ограноците на ДУИ, кои ќе се одржат по принципот еден член – еден глас, ќе послужат како платформа за колективно одлучување и дополнително ќе ги зајакнат демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија“, соопшти ДУИ.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) деновиве тајно одржала состанок на Централното претседателство на кој, од 33 члена, учествувале седум члена на Централното претседателство и два члена на Генералниот совет. На состанокот не биле поканети членовите на фракцијата на ДУИ, кои се дел од т.н. огнена група, а се дискутирало за нивно бркање од партијата, открива во интервју за весникот „Лајм“, Изет Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.