Демократската унија за интеграција го поздравува почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.
Утре, вторник, 19 јули 2022 година, во Брисел, Македонија и Европската Унија ќе ја одржат првата меѓувладина конференција што го означува започнувањето на пристапните преговори по долгогодишно чекање за земјата и нашите граѓани.
Исто така, утре ќе започне процесот на скрининг од страна на Европската Унија на сите наши институции, процес кој уште повеќе ќе не доближи до европските стандарди.
ДУИ смета дека Собранието и Владата на Република Македонија постапија правилно, храбро и мудро во однос на предлогот на Советот на ЕУ, со што започнуваат преговорите, како и се зачувуваат идентитетот, јазикот и културата на Македонците.
Деструктивните сили во служба на странските агенди продолжуваат да сеат политики на страв кај граѓаните преку создавање на нереални ситуации за создавање политички, етнички и безбедносни тензии со единствена цел постигнување на партиски придобивки, но граѓаните се оградија од овие изолирачки и деструктивни сценарија со неучеството на протестите против ЕУ.
Времето ќе докаже кој е во право и кој ја злоупотребува иднината на државата за партиски кампањи и во служба на странски агенди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.