Претседателот на огранокот на Демократската унија за интеграција во Тетово Фатон Ахмети на првата прес-конференција по преземањето на мандатот ги истакна локалните проекти кои благодарение на заложбите на Демократската унија за интеграција преку меѓународните фондови и оние на извршната власт, започнаа да се спроведуваат во општина Тетово.

Според него, навредлива е тенденцијата на актуелното раководство на општината да ги присвојува и опишува овие проекти како свои. Тој наведе и дел од пропустите на актуелниот градоначалник Билал Касами, кого го смета за одговорен за нефункционирањето на општината по распуштањето на Советот, како резултат на неговата неспособност навреме да ја подготви завршната сметка на општината.

Ахмети зборуваше и за прогресивните цели на новиот состав на огранокот на ДУИ во Тетово за ефикасно артикулирање на барањата на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.