Условот на ДУИ е уставните измени да стапат на сила пред одржување на Втората меѓувладина седница со ЕУ, oдлучено на состанокот на партијата во Мала Речица.
„ДУИ, преку едногласна одлука на Претседателството, го реафирмираше ставот за подготвеноста на партијата веднаш да се постигне договор со кој опозицијата ќе ги поддржи уставните измени кои би влегле во сила пред одржувањето на Втората меѓувладина седница со Европската Унија, а ДУИ ќе поддржи преодна Влада без нејзино учество до наредните избори“,
соопштија од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.